Балкан
7. July 2015 - 9:08

Состанок на лидерите на еврозоната за последиците од грчкиот референдум

Во Брисел денеска ќе биде одржан вонреден самит на лидерите на 19-те змеји на еврозоната, откако Грците на референдумот рекоа „не“ на мерките за штедење, кои од нив ги бараа кредиторите.

Самитот го свика претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, а негово одржување иницираа францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел. Резултатите од грчкиот референдум мора да се прифатат, се согласија Оланд и Меркел.

Во вчерашното соопштение на Еврогрупата се наведува дека министрите за финансии очекуваат на денешниот состанок да добијат нови реформски предлози од грчката Влада, а шефот на Еврогрупата Јерун Дејселблум оцени дека исходото од референдумот ги отежнал преговорите на Атина со кредиторите.