Соработката на полициите на Косово и на Албанија на високо ниво
Соработката меѓу полициите на двете земји во областа на безбедноста, била тема на средбата во Приштина на директорот на албанската полиција, Хаки Чако и косовскиот министер за внтарешни работи Скендер Хисени.
Хисени високо ја оценил соработката на полициите на двете земји и определбата истата да се унапредува и проширува и со полициите на другите соседни земји, во интерес на мирот и безбедноста во регионот.
Високите полициски функционери разговарале и околу борбата со тероризмот и учеството на граѓаните на двете земји во редовите на ИД, како и заканите кои се упатуваат кон двете земји од оваа терористичка органзиација.
На средбата присутвувале и директорт на косовската полиција,Шпенд Маџуни и албанскиот амбасадор во Приштина,Ќемал Миџози.
Чако се сретнал и со генералниот директор на академијата за јавна безбедност, Исмаил Смакиќи,при што им се обратил на кадетите од 53-тата генерација, покаувајќи им успешно завршување на обуката и успешна работа во професијата.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите