Балкан
20. December 2015 - 14:35

Соработката на полициите на Косово и на Албанија на високо ниво

Соработката меѓу полициите на двете земји во областа на безбедноста, била тема на средбата во Приштина на  директорот на албанската полиција, Хаки Чако и косовскиот министер за внтарешни работи Скендер Хисени.

Хисени високо ја оценил соработката на полициите на двете земји и определбата истата да се унапредува и проширува и со полициите на другите соседни земји, во интерес на мирот и безбедноста во регионот.

Високите полициски функционери разговарале и околу борбата со тероризмот и учеството на граѓаните на двете земји во редовите на ИД, како и заканите кои се упатуваат кон двете земји од оваа терористичка органзиација.

На средбата  присутвувале и директорт на косовската полиција,Шпенд Маџуни и албанскиот амбасадор во Приштина,Ќемал Миџози.

Чако се сретнал и со генералниот директор на академијата за јавна безбедност, Исмаил Смакиќи,при што им се обратил на  кадетите од 53-тата генерација, покаувајќи им успешно завршување на обуката и успешна работа во професијата.