Сопственикот ќе ја запали викендицата каде што се случи монструозното убиство во БиХ
Се огласи сопственикот на викендицата каде што на 11.08.2023 монструмот, Нермин Сулејманович ја уби својата својата невенчана сопруга и видеото го објави во живо на Инстаграм.
Сопственикот на вилата Ади Шаќиќ изјави дека е изненаден од тоа што убиецот ја однел сопругата таму за да ја убие.
Не добил ниту дозвола, ниту клуч за да оди во викендицата што ја користел таткото на Ади во текот на животот, а сега ретко оди таму, информирал близок пријател на сопственикот на викендицата.
Тој истакнал дека убиството се случило на тремот пред влезот на куќата и дека е јасно дека фактот што викендицата била изолирана зад пченката во шумата му одговара на убиецот за неговиот крвав план.
Тој одлучи дека ќе ја запали куќата, бидејќи целата била покриена со крв.
Нермин ја убил Низама во Градачац, пред викендицата во местото Шибовац, додека нивната ќерка лежела во локва крв и плачела.
Како што можеше да се види на вознемирувачкото видео кое сега е избришано, тој ја прашал несреќната жена зошто го пријавила во полиција, а таа му одговорила дека се плаши за себе и за детето.
Ново на Сител
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко