Сопственичката на куќата каде е роден Хитлер ја тужи државата
Одлуката на Владата на Австрија за експропријација на куќата каде е роден Адолф Хитлер е неуставна и постојат други начини да се спречи за местото да биде атракција за неонацистите, наведе адвокатот на поранешната сопственичка на таа куќа.
Герлинда Помер-Англохер поднесе тужба до австрискиот Уставен суд барајќи поништување на законот со кој државата ја заплени куќата во местото Бранау ам ин, на границата со Германија.
Хитлер во таа куќа е роден во 1889 година, а Австрија со години се обидува да ја откупи куќата од сопственичката и нареди експропријација тврдејќи дека не сака таа да стане место на собирање на неонацистите. Адвокатите на сопственичката тврдат дека тоа што ги привлекува нацистите 70 години после долгата светска војна нема никакви врски со правата на вистинските сопственици.
Тие апелирале полицијата и правосудните органи да го решат прашањето на собирање неонацисти, а не да ја обвинуваат сопственичката која куќата се користи на „неутрален начин“.
Претставникот на владата пред Усатавниот суд рече дека тоа не е само обична куќа, туку дека лицето кое е во неа родено направил најголеми злосторства во историјата на човештвото.
Државата планира куќата да ја претвори во Центар за помош на лица со проблеми со учењето, настојувајќи да се прекине нејзината поврзаност со идеологијата на Хитлер. Одлуката се очекува кон почетокот на наредниот месец.
Ново на Сител
-
Ограбена менувачница во Скопје за 10 илјади евра
-
Кај тројца од жртвите во пожарот во Кочани имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица скршеници на ребра и задушување од притисок при стампедо
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“