Сопругот очајно бара помош: Ве молам помогнете да ја најдам мојата најсакана Снежана!
На социјалните мрежи се шири апел за помош за пронаоѓање на исчезнатата Снежана Тројачанец. Тројачанец е професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, член на Катедрата за здравје и благосостојба на животните, како и член на заедницата на Хрватите во Македонија.
„Драги пријатели, Ве молам помогнете. Утрово е исчезната мојата најсакана Снежана Тројачанец. Таа е слаба, висока со прекрасни сини очи. Најверојатно е во пиџами и кафена јакна. Ве молам ако некој ја препознае, јавете“ стои во објавата.
Нејзиниот сопруг Пламен Тројачанец за Фокус има изјавено:
– Ве молам помогнете ми да ја најдам мојата сопруга и мајката на нашите синови, Снежана Тројачанец! Не знам кога излегла од дома, тоа се случило додека спиев, можеби било и во тек на ноќта, не можам со сигурност да кажам, јас забележав дека ја нема утринава кога станав, околу седум часот. Ладно е надвор, се стемнува, итно ни треба помош“.
Тој додава дека Снежана има 52 години, убава и витка жена е со сини очи, а претпоставува дека е облечена во пижами, бели со шари. Забележал дека и ја нема јакната, во кафена боја со каиш, и вели дека најверојатно ја носи на себе. На нозете имала сиви патики, со себе не носела ташна, немала мобилен телефон ниту пак било каков документ.
Сите кои што имаат било каква информација за Снежана, можат да се јават на 078 – 257 – 878 кај семејството, или пак во најблиската полициска станица.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците