Џет-Сет
1. November 2016 - 9:21

Сопругата ми го спаси животот: Животна драма на Карамела

Пред неколку дена познатиот имитатор и ТВ водител Горан Стојиќевиќ Карамела доживеа инфаркт и итно му е вграден стент. Карамела вели дека сега се чуствстува добро и дека најлошото поминало.

Стојиќевиќ кој е опериран во КБЦ Звездара вели дека се чувствува добро и дека во драматичната ситуација најмногу му помогнала сопругата Милица.

-Се заврши добро, фала на Бога, добро сум! Животот оди понатаму. Им благодарам на сите што ми пишаа и што ми се јавуваа од петокот вечер. Мојата Милица беше покрај мене кога ми се слоши. Брзо реагираше, таа е мојот ангел, изјави Карамела кој смета дека инфарктот бил предизвикан од преголем стрес.

-Сите стресови кои ги преживувам на нешто се одразуваат. Кај мене за жал на здравјето, вели Стојиќевиќ.