Соопштение на ФЗОМ за барањето на Н.Р. од Битола за лекување во странство
Во врска со барањето за донација на осигуреното лице Н.Р. од Битола за неговиот родител, ФЗОМ сака да ја информира јавноста дека осигуреното лице нема воопшто поднесено барање за лекување во странство.
ФЗОМ стапи во контакт со осигуреникот и му укажа каква е постапката за да го оствари своето право на лекување во странство. Н.Р , т.е неговиот родител, нема конзилијарно мислење од соодветната универзитетска клиника каде се лечел, што е основен документ, за да може да ја започне постапката за лекување во странство. Од негова информација која ја добивме ни беше кажано дека тој се обратил до клиниката но се уште нема издадено конзилијарно мислење.
Фондот демантира дека постои документ со кој лекувањето ќе биде покриено 80% од сумата, па потоа бил повлечен. Фондот или одобрува лекување во странство и го покрива целосно, или не. Доколку се одобри лекувањето, осигуреницитие плаќаат само партиципација во висина од 12.000 денари, односно 200 евра, без оглед колку чини здравствената интервенција, која ја плаќа Фондот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата
-
Граѓанските иницијативи кај Сиљановска за изборен закон
-
Прв круг локални избори на 19 октомври