Македонија
11. March 2019 - 14:55

Соопштени наградените маски на Струмичкиот карневал

 Жири комисијата на Струмичкиот карневал ги соопшти наградените маски на денешната прес конференција.
 
Во категоријата групна маска со 50 и повеќе лица најдобра е маската „Танцот на Кабаутерите“ на карневалската група „Газели“ од Радовиш, а втората награда ја поделија „Весели марионети“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица и „Етно рапсодија“ на СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица.
 
Во категоријата групна маска со 30 до 50 лица првата награда ја поделија маските „Фламинго“ на групата “Мулен руж-1“ и „Неуништлива вечна љубов“ на Здружението „Струма“ и двете од Струмица.
 
Кај учесниците во категоријата групна маска со 20 до 30 лица најдобра е маската „Чекор напред“ на групата „Мулен руж-2“, а во категорјата на маски со учесници од 10 до 20 лица првата награда ја освои „Златните потковици„ на групата „Кико стил“. Во категоријата групна маска од 5 до 10 лица првата награда ја освои „Сурва“ на Цветко Багашовски. Тој ги освои и наградите кај поединечните маски од едно до пет лица со „Пушти Стојко рогови“ и „Комарец“.
 
Во категоријата со алегориско возило првата награда е доделена на маската „Неуништлива вечна љубов“ на Здружението „Струма“ од Струмица.
 
За најдобра дебитантска маска е прогласена „Струмички шпагети“ на ООУ “Видое Подогрец“ од Струмица,
 
Паричните награди и плакетите на најуспешните учесници на Интернационалната карневалска вечер ќе им бидат доделени утревечер на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.
 
Денешните карневалски празнувања во Струмица продолжија со варење и консумирање бел грав по повод првиот ден од Велигденскиот пост, познат во Струмица како Чист понеделник