Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ известува за воведување привремен режим на сообраќај на регионалниот пат Р1306, делница Прилеп - Крушево - Сладуево, заради започнување градежни активности од проект за санација на оштетувања на делницата.
-Поради тоа, од 16 декември 2024 година па се до завршување со градежните активности, делницата ќе биде целосно затворена, на потегот од Мало Коњари до Кривогаштани. Сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект, информира утрово АМСМ.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени