Македонија
4. September 2024 - 7:32

Сообраќајот се одвива тековно, нема задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти утринава АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, потсетуваат од Авто-мото сојузот.