Сообраќајот низ државава се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Од ДГ БЕТОН АД - Скопје известуваат дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец - Катланово (лев и десен коловоз), односно од км. 37+046.94 до км. 41+798.92 во правец од Петровец кон Катланово и од 23+271.08 до 28+460.76 во правец од Катланово кон Петровец. На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој.
Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Работите за наведениот проект предвидени се да завршат на 31.07.2021.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење