Македонија
10. January 2017 - 13:32

Сообраќајот на патиштата низ Источна Македонија во зимски услови

На патиштата во Источна Македонија сообраќајот се одвива во зимски услови, а вработените од ЈП „Македонија“ пат редовно ги чистат магистралните и регионални патни правци.

Техничкиот раковдител на ЈП „Македонија пат“ од Штип Кире Коцев вели дека  проблемите можат да се појават доколку повторно се појави силниот ветар на патните павци Велес-Штип кај Сарамзалино и на патниот правец Штип-Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште, каде што возачите возат покрај снежни ѕидови високи и над три метри.

- Машините ни се континуирано на терен и ги чистат патиштата од новите снежни врнежи. Апелираме возачите внимателно да возат и да ја почитуваат собраќајната сигнализација на патиштата, вели Коцев.

Тој додава дека засега нема  забрани за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кочани-Делчево, каде што е ризично да се патува во делот на клисурите. Штипската регионална подружница за овој снежен бран и за третиот кој се најавува во петок имаат абразивен материјал, а деновиве се очекува да пристигнат и нови количини на сол и песок.  Коцев вели дека возилата постојано им се на терен и чистат патиштата, а од синоќа прооден е и регионалниот пат до штипските села Драгоево и Селце.