Сообраќајот на патиштата непречен по влажни коловози
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони.
АМСМ
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари