Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година
Ново на Сител
-
Хрватска ја качува минималната плата на 750 евра
-
Откриени два случаи на криумчарење мигранти
-
Серија апсења на повеќе локации во Македонија - Приведени 11 лица
-
Путин: Саудиска Арабија би била добар домаќин за мировни преговори
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид - Повредена 43 годишна жена
-
Перински: Нема законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките
-
Најниска тепература утрово во Берово, дневните ќе достигнат до 20 степен
-
Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон, изјави неговиот портпарол