Сообраќајот Кратово - Ранковце ќе биде во прекин поради минирање
Во два наврата денеска ќе има прекин во сообраќајот на патот Ранковце - Кратово поради градежни активности за рехабилитација на железничкиот Коридор 8.
За денеска фирмата изведувач „Гулермак", подружница Скопје со Мактек ДООЕЛ, најавува двократно минирање во близина на регионалниот пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово т.е. А2 со Р1205.
Како што се наведува во соопштението од „Гулермак", ќе се реализира минирање во два наврати, подготовките за минирањето ќе започнат во девет часот, а самото минирање ќе заврши најдоцна до 21 часот.
-Комплетното блокирање на сообраќајот од страна на Кратово кон Ранковце ќе трае кратко, но точното време ќе зависи од организацијата и од временските услови. Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании да го заобиколуваат овој пат во текот на наведениот термин, се наведува во соопштението од „Гулермак".
Работите на терен се извршуваат како дел од реализацијата на проектот „Изведба и завршување на преостанатите работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка" во рамки на проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор 8.
Останатиот регионален пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово, Р29281 е привремено блокиран од локалните власти поради штета на мостот на Крива Река. Препораката важи само за оние жители кои имаат куќи и викендици и пристап од страна на Кратово.
Ново на Сител
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиологот Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”
-
Со дигитализација против корупција – Македонија не држи европскиот чекор со дигитализацијата
-
Мицкоски: Правичната застапеност ќе го гарантира и бадентерот и правото сите да добијат вработување