Македонија
11. јуни 2020 - 10:57

Сообраќајна незгода помеѓу автомобил и мотор, мотоциклистот пренесен во болница

На 10.06.2020 во 15.00 часот било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо 306“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(67) од Битола и мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(25) од Битола.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.