Македонија
12. August 2019 - 15:46

Сообраќајна несреќа пред граничнот премин Богородица

Сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случи на еден километар пред граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница, потврдија од СВР Струмица.
 
Според првичните информации има еден повреден, а на местото на несреќата полицијата врши увид.
 
Сообраќајот е пренасочен и се одвива по стариот пат од Гевгелија кон граничниот премин Богородица.
 
Повеќе информации за несреќата од СВР Струмица најавуваат за подоцна