Македонија
7. February 2017 - 13:51

Сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар: 2 лица повредени и оштетена кабината на наплатната рампа

Денеска околу 9 часот,на автопатот Тетово-Гостивар, на наплатната рампа Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила: „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 25-годишниот Г.А. од Боговиње, „Мерцедес“,исто така, со тетовски таблици што го управувал 52-годишниот М.С. од Пирок и „Поло“ со гостиварски таблици, управувано од 30-годишната гостиварка Т.П.
 
Во судирот, возачот на „Мерцедесот“ и сопатничката од „БМВ-ето“, Џ.И.( 27 ) од Боговиње задобиле телесни повреди и со возило на Брза помош пренесени се во тетовската клиничка болница. По укажаната помош, возачот е пуштен, додека Џ.И. задржана е за натамошна опсервација и лекување. При судирот, исто така, оштетена е и кабината број 7 на наплатната рампа.
 
По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа на СВР Тетово.Се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и се друго.Првично, причина е неприлагодена брзина,а вкупната материјална штета се проценува на 200 илјади денари.