-->
-->
Сообраќајка во Косово - загина Македонец
-->

Веста за несреќата, во која загинал маж на 34-годишна возраст со иницијали А.Ј., во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на косовската полиција за приштинскиот регион, Фљорие Ахмети.
Денеска околу 5 часот добивме информација за сообраќајна несреќа на патот Приштина – Урошевац, кај селото Лапнасело, во која учествувало едно патничко возило. Како последица на несреќата, загина едно лице, кое управувало со возилото. Смртта на А.Ј., 34-годишен маж, државјанин на Република Македонија, на местото на настанот ја утврди лекарска екипа, изјави Ахмети.
По налог на надлежен обвинител, телото на загинатиот е предадено во судска медицина за обдукција, а екипа на сообраќајната полиција изврши увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм