Македонија
6. December 2015 - 13:03

Сообраќај без забрани, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Магла со видливост до 50 метри има кај Тетово,Попова Шапка,Прилеп,Кичево,М.Брод. На останатите патни правци видливоста е 100-150 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.