Македонија
29. August 2019 - 19:18

СОНК не се откажува од штрајкот најавен за првиот училишен ден

СОНК не отстапува од одлуката за предупредувачки штрајк кој ќе го одржат на 2 септември во понеделник. Нова средба со МОН одржале вчера но  завршиле без договор по нивните  барања за покачување на платите. Првиот човек на синдикалната организација не очекува нешто да се смени во следните три дена. За штрајкот  побара поддршка и од родителите на учениците.

Министерот апелира училиштата да се подготват на најдобар можен начин за стартот на учебната година да ги примат учениците. Ова важи особено за првачињата вели министерот Арбер Адеми за Сител.  ТОј добил информација од СОНК дека предупредувачки штрајк значи дека наставниците ќе дојдат на работа но нема да одржуваат настава, што според министерот значи дека и учениците треба да дојдат на училиште.

Во споредба со лани, според министерот наставниците овој септември ќе добијат плата повисока за 10.8 проценти. Адеми уверува дека се друго ќе реши за да го подобри статусот на вработените во просветниот сектор, но во меѓувреме учениците а особено првачињата треба да бидат на настава.