Македонија
1. March 2021 - 12:18

Сончево време во наредните денови, викендот посвежо и со повремен дожд

До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Утре ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. За време на викендот, како што информира УХМР,  ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.