Сончево со умерена облачност, наутро студено со услови за магла
Времето утрово ќе бид студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.
Како што соопшти УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2 степени, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје утрото студено, преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а по одделни котлини ќе има појава на магла и пониски температури. Локални врнежи од дожд со слаб интензитет се очекуваат помеѓу вторник и среда.
Ново на Сител
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона
-
Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина
-
Неизвесно продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија
-
Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш
-
Стеф Кари со 4.000 реализирани тројки во својата НБА кариера