Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени
Времето денеска во западните делови ќе биде претежно сончево и тивко, а во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 10 степени.
Според УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег на планините и на некои од повисоките места. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот