Сончево со слаб ветер и температура до 15 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец,. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Како што информира УХМР, во среда ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, повеќе застапени во западните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во петок во источните делови облачноста ќе се зголеми и ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде повисока, особено во сабота.
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење