Македонија
8. December 2021 - 8:26

Сончево со ниски утрински температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наутро ќе биде студено со минимални утрински температури од -6 до 2 степена, а во текот на денот, температурите ќе се движат од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време со појава на мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој претпладне ќе биде поизразен. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Сончевото време со ниски утрински температури ќе се задржи до четврток по што следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во сабота се очекува да бидат пообилни.