Македонија
2. November 2016 - 8:34

Сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се сушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

До четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури. Во четврток попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има слаби врнежи од дожд, особено во западните и северните делови од земјава.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.