Македонија
8. September 2022 - 8:12

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната од 24 до 31 степен.

Во Скопје претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со благ пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот и в недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.