Сончево и ветровито, со ниски утрински температури
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието. Минималните температури ќе бидат во интервал од -9 до 1, а максималните од 2 до 9 степени.
Во Скопје наутро ќе преовладува студено, а преку денот сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до -4, а максималните ќе достигнат до 6 степени.
Од УХМР информираат дека до утре попладне ќе се задржи стабилно и суво време, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад утре во вечерните часови и во текот на ноќта. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација