Сончево и топло со температури до 21 степен
Времето ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала до умерена локална облачност, особено во североисточните подрачја. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.
Во Скопје, претпладне со мала до умерена облачност, преку денот сончево. Ќе дува умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР