Македонија
19. October 2019 - 8:19

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а  дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла.