Сончево и топло, од утре дожд
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Од УХМР најавија дека во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.
- Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и поројни со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање, а на планините и во некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег, соопштија од УХМР.
Ново на Сител
-
Штип „безбеден град“ – инсталација на 24 часовен видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи