Македонија
13. October 2016 - 17:47

Сонце или дожд? - Погледнете какво време не очекува овој викенд

Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Т-мин. од -2 до 7, а т-макс. од 19 до 25 степени.

СКОПЈЕ

Сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Т-мин. 2, а т-макс. 21 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Од недела под влијание на влажен воздушен бран ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и пад на дневните температури од понеделник. Повеќе врнежи се очекуваат во недела кон понеделник, кога на места ќе бидат проследени со грмежи.