Џет-Сет
11. January 2017 - 9:17

Солзи, тага и болка: Познатите пејачи ги погребаа своите родители

За жал, две семејни трагедии го одбележаа почетокот на 2017 година на српската естрада.

Сека Алексиќ на Бадник ја дозна тажната вест за смртта на таткото Милорад Алексиќ, а Реља Поповиќ на 2 јануари ја загуби мајката, познатата балерина Зоја Беголи.

Прославената балерина Зоја Беголи вчера на Новите гробишта во Белград, а на кремирањето присуствуваа и бројни пријатели, роднини и колеги на уметницата.

Printskrin: Youtube/Emisija Premijera

Од друга страна и Сека Алексиќ непосредно пред најрадосниот христијански празник ја доби тажната вест, а пејачката со емотивна порака се прости од својот татко Милорад Алексиќ, кој почина по кратко боледување во лозничката болница.

Foto: Instagram/seka_aleksic

Пејачката ќе направи медиумска пауза се до излегувањето на нејзините нови песни.

www.youtube.com/watch?time_continue=85&v=VulSL7cxZcY