Балкан
17. April 2020 - 17:25

Софија под карантин, Бугарија со строги правила за Велигден

Од синоќа на полноќ главниот град на Бугарија е под карантин. Поради километарските колони на возила, со кои жителите на Софија заминаа за продолжениот празничен викенд беше донесена одлука да се затворат и влезовите и излезите од градот. Под посебни правила за Велигден ќе функционираат и верските храмови.