Сочувство од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски до британската премиерка Меј
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати телеграма со сочувство до британската премиерка Тереза Меј по синоќешниот терористички напад во Лондон.
- Со длабока тага, шок и огорченост ја примив потресната вест за терористичкиот напад во Лондон. Би сакал да изразам најдлабоко сочувство до Вас, до семејствата на настраданите и до мирољубивиот народ на Англија. Нашите мисли и молитви се со Вас, пишува Груевски.
Овој срамен чин кој се случи вчера, како што вели Груевски, ги вознемири и потресе македонските граѓани.
- Овој срамен чин вчера беше директен и брутален напад врз општеството и човечките вредности. Сите ние заедно сме исправени пред предизвикот наречен тероризам. Република Македонија и граѓаните одлучно се решени, заедно со цивилизираниот и демократскиот свет да делуваат во борбата против тероризмот. Таа борба против тероризмот никогаш нема да запре, а ние никогаш не смееме да се откажеме, пишува Груевски во телеграмата до Меј.
Ново на Сител
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ