Собраниската Комисија за избор и именување не го утврди предлогот за уставен судија за Весна Јовановска
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска не го утврди предлогот судијката од Управниот суд, Весна Јовановска, да биде судијка во Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Пратениците досега, освен кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер. Тие, како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии.
Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, покрај Јовановска, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, обвинителот Тодор Витларов и судијата во пензија, Бранко Секуловски. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.
По паузата, седницата ќе продолжи со расправа за останатите кандидати, поточно кандидатот Војислав Димовски.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза