Собраниска Комисија: Предлогот за импичмент на Иванов неоснован
Собраниската Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија денеска оцени дека предлогот за постапка за одговорност на претседателот на државата не е основан и дека претседателот Ѓорѓе Иванов си ги извршуваше своите права и должности врз основа на Закон и на Устав.
Ова во изјава за медиумите го истакна претседателот на Комисијата Зоран Илиоски по завршувањето на денешната седница на која со шест гласа „за“ и четири „против“ беше оценето дека предлогот на СДСМ за покренување импичмент против претседателот Иванов не е основан.
- Во законски рок извештајот за работата на Комисијата е поднесен до претседателот на Собранието, а потоа тој ќе покрене постапка според деловник и закон и ќе закаже седница на која ќе се дискутира за предлогот на СДСМ. Задача на Комисијата беше да ја оцени оправданоста и основаноста, а не да суди дали е некој крив или да оценува дали е некој во право или не. Имавме два дена дискусија на која беа изнесени аргументите од двете страни и врз основа на тоа денеска се изврши гласањето, прецизира Илиоски.
Рената Тренеска Дескоска од СДСМ смета дека со денешната, како што рече, очекувана одлука се пропуштила можноста да се врати Уставот и почитувањето на законите, односно уставноста и законитоста во Македонија.
- Денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го спасат Иванов од одговорноста за која има навистина аргументи дека го прекршил Уставот и Законот за помилување, изјави Дескоска.
Таа посочи дека првата постапка за импичмент во Македонија поминала на начин кој не доликува и обвини оти колегите од мнозинството не сакале да спроведат вистинска и темелна дебата и вистинско разгледување на фактите кои ги презентираше СДСМ.
Опозицијата ја иницираше постапката за импичмент на 13 април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица. На 27 мај тој ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица. Иванов ги упати преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив.
Евентуалната одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на Иванов треба да ја донесат најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња