Собраниска делегација на 149. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева
Делегација на Собранието, предводена од собранискиот спикер Африм Гаши, ќе учествува на 149. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што од денесак до 17 октомври ќе се одржи во Женева, Швајцарска Конфедерација. Во состав на Делегацијата, како што информираат од собраниската прес-служба, се пратениците Дафина Стојаноска, Фатмир Битиќи, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Бобан Карапејовски и Борислав Крмов, како и генералната секретарка Марина Димовска.
Главна тема за дискусија на 149. Собрание на ИПУ е „Искористување на науката, технологијата и иновациите за помирна и одржлива иднина“. Комисиите на ИПУ ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: влијанието на вештачката интелигенција врз демократијата, човековите права и владеењето на правото, парламентарни стратегии за ублажување на долготрајното влијание на конфликтите врз одржливиот развој, улогата на парламентарците во спречување на конфликти во врска со природните ресурси и др.
Во рамките на 149. Собрание седници ќе одржат „Форумот на жени парламентарки“, „Форумот на млади парламентарци“ и „Здружението на генералните секретари на парламентите“.
Интерпарламентарната унија е светска организација на парламентите, во која членуваат 180 национални парламенти и 15 меѓународни параментарни собранија. Основана во 1889 година, ИПУ е најстарата мултилатерална политичка организација и најголемата меѓупарламентарна асоцијација. Унијата работи на зачувување на мирот и промовирање позитивни демократски промени преку политички дијалог и конкретни активности. Светската организација на парламентите има седиште во Женева и тесно соработува со Организацијата на Обединетите нации и другите партнерски организации, чии цели ги споделува.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце