Собраниска делегација на 140 Собрание на ИПУ
Претседателот на Парламентот Талат Џафери ќе учествува на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија што од шести до 10 овој месец се одржува во Доха, Катар.
Покрај претседателот Џафери, во работата на Собранието на ИПУ ќе учествуваат и пратениците, членови на делегацијата на Парламентот во ИПУ, Ејуп Алими, Јулијана Николова, Димитар Стевананџија, Африм Гаши и Диме Велковски и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.
Џафери, како што информира собраниската прес-служба, ќе има обраќање на генералната дебата на тема „Парламентите како платформи за зголемување на едукацијата за мир, безбедност и владеење на правото“.
Предвидено е Џафери да оствари и билатерални средби со Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија, Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта, Зигфрид Браке, претседател на Претставничкиот дом на Федералниот парламент на Белгија и Нурлан Нигматулин, претседател на Мажилисот на Република Казахстан.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија