Македонија
21. July 2021 - 19:53

Собранието расправа за нови уставни судии

Уставен ќе продолжи да работи со шестмина судии. Собранието ниту денеска не предложи кандидати за тројца нови членови. Иако на седницата на комисијата за избори и именувања тоа беше прва точка на дневниот ред, претседателот на комисијата ја прескокна.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека имало седуммина кандидати за уставни судии кои доставиле документи до собранието ама тоа го криеле претседателот на комисијата и спикерот Џафери. Се сомневаат дека власта сакала да го предложи генералниот секретар на собранието Иванова.

Од власта велат немало предлози бидејќи кандидатите за уставни судии ги предлагале пратениците, а точката од дневниот ред не била воопшто отворена.

Изборот на уставни судии првпат пред пратениците се најде на почетокот на минатиот месец. Тогаш седницата беше прекината.