Собранието петти ден расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2016 година
Собранието на Република Македонија денеска петти ден расправа по Дополнителниот Предлог-буџет за 2016 година, во кој приходите се проектирани на 176,8 милијарди денари, а расходите на 195,7 милијарди денари.
Според пратениците од мнозинството предложениот буџет е развоен и континуитет на претходните, а за опозицијата е зголемување на задолжувањето.
Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека буџетот е развоен и е континуитет на претходните буџети кој ги опфаќа сите делови во Македонија и сите граѓани.
Според Благородна Бојаџиева денеска се дискутира за документ кој треба да обезбеди раст на економијата. Таа ги истакна капиталните инвестиции и инфраструктурните проекти што се планирани и истакна дека досега власта на ВМРО-ДПМНЕ има реализирано 3.000 проекти.
Сашо Поцков од СДСМ праша каде се ефектите од вложувањата, а неговата сопартијка Софија Куновска истакна дека во буџетот за 2016 година Македонија ќе се задолжи дополнително за субвенции, нови вработувања, зголемување на пензии...
Пратениците според Деловникот денеска треба да гласаат по буџетот, бидејќи е регулирано дека расправата по овој документ трае пет работни денови. скс/паг/14:25
Ново на Сител
-
Повикај пријател или професионален коуч? | Марина Анчевска | Sitel Podcast 065
-
Пукање кај Смилковско езеро
-
Во период од 20 минути вчера во Скопје пријавени два инциденти со физички напад од страна на група лица
-
Приведен маж поради закана за поставување експлозив пред куќа во тетовско Мала Речица
-
Пронајдена неексплодирана граната од Втора светска војна на нива во скопско Бојане
-
Пронајден починат затворник во КПУ „Идризово“
-
Кривична пријава за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана
-
Полицијата повторно го уапси Акиф Равманоски кој беше помилуван од претседателката Сиљановска Давкова