Собранието ќе ја продолжи 17. седница следната недела
Собранието денеска ја продолжи 17. седница, но поради работни обврски на пратениците е прекината, и ќе продолжи следната недела, како што најави потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски.
Претходно пратениците го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, по скратена постапка, со којшто се врши усогласување со Законот за органите за државната управа и со Законот за прекршоци.
Собранието потоа започна расправа за Предлог на закон за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, по скратена постапка. Но, пратениците од ДУИ побараа еден час пауза за превод на материјалите на албански јазик.
По еден час пауза, иако материјалите беа обезбедени Милошоски ја прекина седницата најавувајќи дека ќе продолжи следната недела.
Ново на Сител
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд