Собранието ќе ја одржи 119. седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 119. седница.
На дневен ред на оваа седница, се Предлог законот за дополнување на Законот за катастар на недвижности и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за виното, двата по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.
Пратениците треба да расправаат по Барањето за давање автентично толкување на член 368 став 1 од Законот за облигациони односи, поднесено од пратеникот Благоја Деспотоски и Барањето за давање автентично толкување на член 10 став 4 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2011, 54/2011, 155/2012, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015 и 217/2016), а во врска со член 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) и и член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр.129/2015), поднесено од градоначалникот на Општина Струга6 Предлог на одлука за именување на членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Ново на Сител
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата