Собранието ја заврши расправата по Извештајот на ЕК за Македонија
Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешното продолжение на 74. седница ја заврши расправата за Извештајот на ЕК за Република Македонија за 2015 година. Пратениците, кои четри дена расправаа за Извештајот, изнесоа различни ставови и видувања на она што е во него наведено.
За пратениците од опозициските партии Извештајот е најлош досега, додека за оние од владеачките партии покрај нотираните забелешки, константиран е и напредок за се она што било направено во изминатата година.
Рената Тренеска Десковска од СДСМ рече дека на оценетитот виновен му е оценувачот кога нема да му се допаднат оценките.
- Очигледно е дека кога работите се движат во добра насока оценките не изостануваат. Затоа овој извештај е момент на вистината. „Бомбите“ на Заев ја открија вистината за власта. Извештајот е резултат токму на тоа, потенцира Тренеска Десковска.
Во реплика Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ порача дека опозициските пратеници ликуваат што Македонија добила условена препорака.
- Ние имаме опозиција која е во состојба да ја продаде државата за да дојде на влст. Опозиција, која се бори да си создаде што повеќе противници во својата држава, и не ги согледува сите добри работи што се случуваат во неа, рече Стевананџија.
За Мира Стојчевска од СДСМ Извештајот не е негативен, туку е срамен и во него е нотирано дека земјава назадува во скоро сите полиња.
Марјанчо Николов од истата партија посочи дека земјите во регонот воопшто ја немаа почнато процедурата за членство во ЕУ кога Македонија го доби првиот позитивен извештај, а сега се многу понапред од нас.
Ново на Сител
-
Матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите добиваат повеќе пари
-
Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
Априлски снег во Охрид
-
Пензионерите против враќањето на старата методологија за пресметка на пензиите
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна