Собранието ја усвои Националната стратегија за развој
Собранието на Република Северна Македонија, на вчерашната седница ја усвои Националната стратегија за развој за периодот 2024 – 2044 година.
Како што истакнуваат од Владата, Стратегијата е заеднички документ точка на поврзување на сите одлучувачки фактори кои сакаат да се вградат во создавањето на иднината важна за сите граѓани во нашата земја.
Оваа стратегија, информираат од Владата, е изградена низ партнерски однос и поддршката на УНДП во координација со сите агенции на Обединетите Нации, Амбасадата на Обединетото кралство и Министерството за финансии на Република Словачка кој го поддржуваат овој процес.
„Економски развој и подобрување на стандардот. Воспоставување на мерит систем каде точката за единствениот критериум по кој ќе се напредува се способностите, стекнато знаење и квалитетот на визијата кој се нуди. Силен ангажман на сите за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани.
Реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места.
Држава без корупција, држава со систем кој функционира, држава со изграден мерит систем со механизми и цели кои мораме да ги искреираме и воспоставиме и се дел од оваа стратегија.
Квалитетното образование кое ќе биде клучот на напредокот.
Целта на оваа Влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија, не само поради тоа што земјава природно припаѓа таму туку и затоа што нам ни се тие критериуми потребни за подобар стандард и за подобар живот.
Ние како Влада посветуваме внимание на човечкото знаење и даваме шанса за младите и така ќе продолжиме.
Ние како Влада мора да го мобилизираме секој аспект од човечкото знаење и потенцијал и да го градиме нашето општество врз основа на заедништво, солидарност и визионерство.
Националната стратегија за развој е одлична и солидна основа за развој на државата и преставува стратешки документ за идните чекори на оваа и секоја идна Влада“, се целите на оваа развојна стратегија, се наведува во владиното соопштение.
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини