Собранието ја прекина работата по 80. седница
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски веднаш на почетокот од продолжението на 80-тата седница даде пауза на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.
Тој во процедурална забелешка рече дека денеска е 24 декември, ден кога се навршуваат три години откако, како што наведе „во Македонија била суспендирана демократијата со настаните од т.н. црн понеделник кога пратениците од опозицијата беа исфрлени од Собранието“. Сугарески побара да му се објасни зошто тоа било направено.
Претседателот на Собранието паузата ја спои со редовната пауза, а продолжението на седницата го закажа за 15:00 часот.
На дневен ред на 80. седница се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, на Законот за платите на јавните обвинители, и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, трите по скратена постапка.
Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат и за предлог законите за дополнување на Законот за платите на судиите, за основање на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, и за изменување и дополнување на Законот за основање на Државен универзитет во Тетово, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Апелациониот суд Скопје ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“
-
Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада
-
Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“