Собранието ја прекина работата по 74.седница
Во Собранието на Република Македонија попладнево заврши тридневната расправа по Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во земјава, поднесена од група опозициски пратеници. На седницата не беа прифатени предложените заклучоци.
Од опозицијата со обвинувања дека проблемот со загаденоста на воздухот се игнорира и не се презема ништо ова да се реши. Тие побараа конкретен став од пратениците од власта - кои од заклучоците кои ги предлага СДСМ чинат, а за кои имат забелешки.
Пратениците од владејачкото мнозинство рекоа дека Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање предлага конкретни краткорочни и долгорочни мерки да се реши загадувањето. Токму една од нив е и прекинот на наставата во училишта во Тетово каде состојбата е алармантна.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја прекина 74. седница на чиј дневен ред е останат Предлог законот за амнестија во прво читање, поднесен од пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска.
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден