Собранието изгласа забрана за увоз на отпад кој се користи како извор на енергија
Во Македонија се забранува увоз на отпад кој се користи како извор на енергија. Собранието на денешната седница ги усвои измените на Законот за управување со отпад, предложени од пратеничките на ДОМ Маја Морачанин и Лилјана Поповска. Законот е усвоен со 62 гласа „за“ од 102 присутни пратеници.
И со новиот Закон, понатаму останува забрането увоз на отпад за складирање заради отстранување и за отстранување и увоз на опасен отпад што е измешан со неопасен отпад или со други компоненти кои ја намалуваат штетноста и опасните карактеристики на отпадот.
И понатаму останува дозволен увоз на отпад што може безбедно да се преработи, без опасност од загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, како и да се користи како суровина.
„Со предложените законски решенија во Предлог на законот за изменување на Законот за управување со отпадот ќе се постигне поголема заштита на животната средина и пред сè на здравјето на луѓето и ќе се укине можноста за увоз на отпад кој со одредбата во постојниот закон се користи како извор на енергија“, се вели во образложението на пратеничките Морачанин и Поповска.
Пред донесувањето на Законот, денеска во Скопје имаше получасовна блокада на влезот на цементарницата „Титан-УСЈЕ“ која се одржа во организација на Движењето за чист воздух. Блокадата беше во знакот на барањето на забрана за увоз и согорување на отпад.
Изминатата година печките на цементарницата согореле 4.400 тони узвезен отпад како алернативно гориво, што е 4 проценти од вкупната количина за потребите на печките. На протестот, директорот на цементарница Борис Хрисафов рече дека компанијата ги почитува сите прописи и стандарди, има филтри, а има и А интегрирана дозвола, на чиешто добивање потрошила 70 милиони евра.
„Нема 24-часовен мониторинг ниту се мерат концентрацииите на сите штетни материи што се испуштаат во воздухот. Владата во својот План за чист воздух воопшто не го тангира проблемот со индустриското загадување, во земјава има 150 инсталации со А интегрирани дозволи и преку 400 со Б дозволи кои недоволно се контролираат, ние бараме да се применат европските начини на мониторирање и бараме тоа да се прави транспарентно“, рече Тони Никушевски, од Движењето за чист воздух.
Ново на Сител
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска
-
Истражување: Една од три жени немаат пристап до менструални производи поради високата цена
-
Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието, да биде во служба на сите граѓани
-
Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада